„Веќе се следат 39 трудници и млади мајки. Во ниту еден случај новороденчето не било позитивно на коронавирус. Трудниците со COVID19 лекарите ги третираат исто како и другите заболени“, напиша тој на својот канал на „Телеграм“.
Мјасников исто така вели дека при доењето е невозможно да се зарази детето со коронавирус. Истражувањата се спроведени во мала група од шест доилки.
Освен тоа, рускиот лекар објаснува дека во случај на коронавирус можат да се земаат препарати за симнување температура.
„На почетокот постоеја сомнежи, се стравуваше дека нестероидните препарати можат, напротив, да ја зајакнат чувствителноста на вирусот. Затоа беше препорачан парацетамолот. Денес повеќе нема таков страв“, додава тој.
Тој додава дека „вистинскиот број на заразени во светот е значително поголем од бројот на регистрирани случаи“.
„Сега поради зголемениот број тестирања ќе дојде до нагол пораст на бројот на регистрирани случаи. Тоа не треба да предизвика ширење на паника“, истакна Мјасников.
Според него, не треба да се изведуваат заклучоци врз основа на бројот на заболените, туку треба да се следи бројот на луѓе на реанимација и бројот на починати. Таа статистика дава сигурни податоци и врз таа основа можат да се изведат заклучоци за состојбата на нештата, заклучува докторот.
Мјасников претходно изјави дека мерките што ги презема Русија треба да спречат „италијанско“ сценарио на развој на епидемијата.
Најновите податоци за ситуацијата со COVID-19 во Русија и светот се објавуваат на рускиот портал стопкоронавирус.рф.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче