Русија прави систем за следење на лица кои ги кршат правилата и контактираат со заболени од вирусот

Global Look Press

Рускиот премиер Михаил Мишустин му наложи на Министерството за дигитален развој, комуникации и масовни комуникации до 27 март да оформи систем за следење на луѓето кои не ги почитуваат правилата и контактираат со заразени со коронавирусот, се вели во документот објавено на сајтот на владата.

Системот ќе функционира врз основа на податоците од операторите на мобилната телефонија и геолокацијата на телефоните. На оние кои ќе бидат во контакт со заразени со коронавирус ќе им пристигнуваат СМС-пораки со предупредување за задолжителна самоизолација и доставување на личните податоци во оперативните штабови за борба против коронавирусот.

Мишустин претходно изјави дека планира да ја зајакне прекршочната одговорност за кршење на условите за престој во карантин. Во овој момент казните за кршење на правилата се движат од 500 до 1000 рубли. Во Русија, според податоците на Оперативниот штаб, се регистрирани 438 заболени од коронавирус. Под медицински надзор се наоѓаат 52 747 лица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња