Во Русија во продавниците за прехранбена роба почна тестирање на систем на плаќање купена роба по пат на скенирање на лицето. Ова за московскиот весник „Известија“ го изјавија претставници на банката ВТБ која го стартуваше експерименталниот проект.
Како што се наведува, сопствениците на картички кои поминале биометриска идентификација е доволно само да погледнат во камерата на каса за да ја платат сметката.
Во пилот-проектите технологијата е користена за плаќање помали сметки. За потврда на трансфер на поголема сума ќе биде користен уште еден фактор – ПИН-код. Клиентот исто така ќе може да плати со лицето за роба купена преку интернет, со поглед во камерата на телефонот и да го издиктира бројот, наместо да ги пополнува сите податоци од картичката, велат за „Известија“ од „Ростелеком“.
Претставниците на „Ростелеком“ додаваат дека за користењето на оваа технологија се разговара не само со трговските мрежи, туку и со бензинските пумпи и синџирите за брза исхрана, производителите на автомати и одговорните од метрото на „Руски железници“.
Стручњаците кои ги контактираше весникот рекоа дека преминот кон плаќање на сметки со помош на биометриски податоци би можел дополнително да биде забрзан поради пандемијата на новиот коронавирус бидејќи многу корисници стравуваат од пренесување на вирусот преку парите и пластичните картички.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче