Советска „Боева метла“ забележана на американско теренско возило

Советското противвоздухопловно орудие ЗПУ-4 калибар 14,5 мм активно се користи во многу армии на светот, иако е направено пред седум децении.

Ова оружје неофицијално се нарекува „Боева метла“. Се користи како за противвоздухопловна одбрана, така и за покривање на трупи во копнени операции.

Најважниот дел на орудието се познатите митралези „Владимиров“ кои се вбројуваат меѓу најдобрите на светот. Испукуваат 1200 куршуми во минута, почетната брзина на куршумот изнесува преку 1000 метри во секунда, а максималниот дострел им е 2000 метри.

Куршумот истрелан од овој митралез на дистанца од 500 метри пробива блиндирани плочи со дебелина од 50 милиметри. Со самото тоа митралезот може да уништува лесни тенкови, оклопни транспортери и борбени возила на пешадијата. Овие четирицевни орудија се монтираат на различни возила: на пикап, на камиони ГАЗ-66, ГАЗ-3308 „Садко“, ЗиЛ-157 и ЗиЛ-131, а исто така и на оклопна техника МТ-ЛБ, БТР-50, БТР-60 и М113.

Врз база на тенкот Т-72 со помош на орудието ЗПУ-4 е направен „Сириски терминатор“ кој ефикасно покриваше тенкови и борбени возила на пешадијата во офанзива.

Неодамна оваа „четворка“ беше забележана на модел Oshkosh FMTV 4x4 Cargo од американско производство. Ова возило со блиндирана кабина се користи во сомалиската армија која војува против терористите.

Не е исклучено дека во иднина ќе видиме и други верзии на „Боевата метла“, затоа што во таа класа засега не е направено ништо помоќно од ова орудие.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња