Вкупно во состав на колоната која ќе помине по Црвениот плоштад ќе има шест возила од овој тип. Тоа се самоодни пунктови за команда и врска, лансери во кои се наоѓаат противбродски ракети и транспортни возила, објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Руската Федерација.
А во целата Парада ќе учествуваат вкупно 225 единици техника и вооружување, од кои преку 20 се најнови модели.
Крајбрежниот систем „Бал“ се наоѓа во состав на вооружувањето на некои единици на Тихоокеанската и Северната флота и Касписката флотила на руската морнарица. Во состојба е да гаѓа цели на вода. Системите „Бал“ се вооружени со противбродски ракети Х-35 и Х-35У.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче