Ова за РИА „Новости” го соопшти извор од безбедносните структури на Крим.
Тој го нарече вршењето разузнавачки активности од страна на бродовите на НАТО „обид за продор во комуникациските и дигиталните мрежи“.
Најновите руски средства за радио-електронско војување се тестираат во реални услови на давање отпор на разузнавачка активност. „Поради тоа бродовите на НАТО вртат и си заминуваат“, истакна соговорникот на агенцијата.
Како што објасни тој, средствата за радио-електронско војување не само што го неутрализираат делувањето на разузнавачката апаратура, туку и ги нарушуваат прилагодувањата на навигациските системи на бродовите, по што тие покажуваат лажни координати, а екипажот станува дезориентиран.
Последниве неколку години бродовите на НАТО значително почесто се приближуваат до границите на Русија во Црното море во рамките на планот за борба против „руската закана“. Освен тоа, разузнавачка дејност во близина на руските граници редовно вршат и странски летала. Тие често се забележани на подрачјето на Крим и Краснодарскиот крај, над Балтичкото море и покрај руските бази во Сирија.
Министерството за одбрана на Русија повеќе пати апелираше до американската команда да ги запре таквите разузнавачки операции, меѓутоа Пентагон одбива да го стори тоа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче