Како изгледа најновото руско возило за деминирање

„Листва“, возило за деминирање на далечинско управување на Новосибирскиот дивизион на стратешките противвоздухопловни ракетни сили пред почеток на маневри. Новосибирска област.

„Листва“, возило за деминирање на далечинско управување на Новосибирскиот дивизион на стратешките противвоздухопловни ракетни сили пред почеток на маневри. Новосибирска област.

Александар Крјажев/Sputnik
Новата грдосија ќе ги штити ракетните системи од терористички мини, а во догледно време ќе биде испробана во Сирија.

Русија се подготвува на 9 мај на Парадата на Победата да му го покаже на цел свет новото возило за деминирање „Листва“. Овој систем е конструиран специјално за Стратешките ракетни сили.

„На војската ѝ беше потребна деминерска машина да ги штити скапите ракетни системи од мини при движење по непознат терен. Поради тоа руските инженери направија оклопно возило кое ги „гледа“ сите метални објекти 100 метри пред себе“, изјави за порталот Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Според неговите зборови, „Листва“ во движење со брзина од 15 км/ч може да исклучува детонатори на различни експлозивни направи, а во одделни случаи може далечински дури и да активира непријателски мини.

„Листва“, возило за деминирање на далечинско управување на Новосибирскиот дивизион на стратешките противвоздухопловни ракетни сили пред почеток на маневри. Новосибирска област.

„Принципот на работа на оваа машина е следниов: таа со електромагнетни импулси дејствува на деловите на електронските и електричните уреди на минските детонатори. Поедноставно кажано, ги „гори“ однатре. Поради тоа мината се активира далечински или се онеспособува затоа што ѝ се уништени сите микросхеми“, додава аналитичарот.

„Листва“ е лесно оклопно возило на тркала со шасија од оклопен транспортер. Оклопот може да издржи директен погодок од автомат „Калашников“ и го штити екипажот од шрапнели.  

Возилото има три борбени кабини. Во првата се командирот и возачот. Во втората е радистот, скриен од надворешни погледи. Тој ги бара мините и ги следи сите случувања на поблискиот терен. Во третата е група минери која врши дополнително деминирање на теренот.

„Листва“ е воено возило, што значи дека не е претерано удобно. Поголемиот дел од просторот е резервиран за радиоелектронската опрема. Најголемиот дел од таа опрема се монтира на покривот и во предниот дел надвор од оклопот.

На пример, на истурениот рам се сместени 16 сензори кои бараат објекти оддалечени 100 метри и му ги праќаат на операторот податоците во реално време.

„Возилото е веќе на борбено дежурство во Стратешките ракетни сили. Се подготвува и негово испраќање во Сирија, каде „Листва“ ќе дојде до израз во пронаоѓањето и неутрализирањето мини на територијата која е ослободена од терористите“, заклучува експертот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња