Разорната „Анушка“: Како СССР прв на светот го тестираше системот за ПРО

Снимка од патеката на испуканата антибалистичка ракета

Снимка од патеката на испуканата антибалистичка ракета

Министерство за одбрана на РФ, скриншот од видеоснимка
Многумина теоретичари тврдеа дека на „балистичката ракета не може ништо да ѝ се спротивстави“, но ова тврдење беше погрешно, и тоа го докажаа советските конструктори на 4 март 1961 година. Тогаш системот „А“ на противракетната одбрана на полигонот Сари-Шаган успешно ја пресретна и ја уништи балистичката ракета со среден дострел Р-12 со помош на антибалистичка ракета В-1000.

На овој триумф на советските инженери му претходеа седум години напорна работа на решавање научни, конструкторски и производни задачи кои во тој момент беа мошне тешки.

За потребата од создавање „средства за борба против балистичките ракети во врска со опасноста која се надви“ први отворено се изјаснија советските генерали во август 1953 година во писмо до президиумот на Централниот комитет на КПСС. По неколку месеци размислување Советот на министри на СССР издаде указ „За можностите за создавање средства за ПРО“, а дејствувањето во тој правец беше доверено на водечките конструкторски бироа.

Експерименталниот противракетен систем две години подоцна ја доби ознаката „Систем А“. За главен конструктор беше поставен Григориј Кисуњко. Големината на започнатите работи беше впечатлива дури и по сегашните мерила. На брегот на езерото Балхаш во Казахстан направен е нов полигон, а негов административен центар беше новиот град Приозјорск, кој за таа намена и беше основан. Тука се собраа сите инженери кои работеа на овој проект. Во Приозјорск е осмислен и проверен моделот за заштита на Москва кој е избран како прв објект за одбрана од ракетен напад.

Сите компоненти на „Системот А“ се создадени практично „од нула“, а тоа се, ни помалку, ни повеќе, командно-компјутерски центар и централна компјутерска станица, три радиолокатори со канали за откривање и за следење балистички цели, за нивно пресретнување и за следење на антибалистички ракети, радар за определување на линијата од стартот до целта со станица за проследување на командата и стартна положба со лансери.

Процесот на пресретнување предвидуваше минимални интервенции на персоналот кој го опслужува целиот систем. Со цел автоматизација на процесот направен е уредот М-40, еден од најефикасните компјутери од тоа време.

Радиолокаторите беа распоредени според принципот „три дистанци“., што овозможуваше висока прецизност за определување на координатите на целта. Радарската станица за определување на линијата од стартот до целта автоматски ја препознаваше антибалистичката ракета по нејзиното лансирање и ја следеше на целиот пат од летот.

Во целиот овој систем особено место зазема антибалистичката ракета В-1000. Творците ѝ го дадоа нежното име „Анушка“, но тоа всушност беше мошне разорно оружје. Ракетата имаше наведувачки втор степен со ракетен мотор на течно гориво, а првиот погонски степен на тврдо гориво беше најмоќен на светот. Леташе со брзина од 1.000 метри во секунда и можеше да пресретнува цели на висина од 25 километри.

Најспецифичен беше боевиот дел на „Анушка“. Се состоеше од 15.000 „микробомби“, односно од кугличка со јадро од цврста легура во комбинација со експлозив. Проектилот имаше неверојатна сила. Ваквата конструкција на боевиот дел ја предложи Константин Козорезов кога по првите тестирања стана јасно дека првичното полнење на антибалистичката ракета не е доволно ефикасно.

Тестирањето кое беше извршено на 4 март 1961 година недвосмислено потврди дека шемата на ракетата В-1000 е добро осмислена. Тогаш „Системот А“ ја пресретна балистичката ракета Р-12. „Анушка“ беше лансирана, а кога доби команда да експлодира ја распарчи целта која леташе со брзина од над три километри во секунда. Според радиотермичките податоци, целта е уништена шест секунди по средбата со облакот од „микробомби“.

Во текот на следните неколку месеци советските инженери изведоа уште триесетина лансирања на експерименталниот систем за ПРО. Сите лансирања беа успешни.

Летото 1916 година Никита Хрушчов на седница на ОН изјави дека СССР има направено оружје кое ја гаѓа „мувата во окото“.

Појавувањето на единствените одбранбени средства ги принуди САД да бараат можност за потпишување на Договорот за ограничување на стратешкото офанзивно вооружување (СТАРТ-3) и ограничување на противракетната одбрана. Патем речено, американските стручњаци успеаја да го репродуцираат начинот на работа на „Системот А“ дури летото 1984 година, односно по неполни 20 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња