Министерството за одбрана на Руската Федерација пред рокот го доби првиот овогодишен полковски комплет на противвоздушниот систем С-400 „Триумф“, соопшти информативната служба на концернот „Алмаз-Антеј“.
„Концернот „Алмаз-Антеј“ пред рокот му го достави на Министерството за одбрана на Русија првиот овогодишен полковски комплет противвоздухопловни ракетни системи С-400 „Триумф““, се вели во соопштението.
С-400 „Триумф“ е руски противвозсушен ракетен систем со голем и среден дострел предвиден за уништување аеродинамични и балистички цели.
Мобилните ракетни лансери можат да се движат и по нерамен терен. Потребни е пет минути да заземе борбена позиција. С-400 уништува балистички ракети. Русија во моментов има 16 полкови вооружени со овие системи.
Системи С-400 во 2015 година беа префрлени во Сирија каде што ја покриваат воздухопловната база „Хмејмим“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче