Русија меѓу првите три извозници на оружје во светот

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press

Во периодот од 2015 до 2019 година во светот е продадено 5,5 отсто повеќе оружје отколку во претходниот петгодишен период. Значаен раст е забележан во САД (23 отсто) и Франција (72 отсто), додека извозот на руско оружје е намален за 18 отсто. Ова го покажуваат податоците објавени во годишниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Како што се наведува во документот, меѓу првите пет извозници се наоѓаат САД, Русија, Франција, Германија и Кина. Треба да се каже и дека во првите десет првпат влезе Јужна Кореја. Во последните пет години таа ја зголеми продажбата на оружје за 143 отсто. Добри резултати покажува и Израел со пораст од цели 77 отсто.

Оваа земја ги зголеми испораките на Блискиот Исток во периодот од 2015 до 2019 година за 61 отсто, што покрива 35 отсто од светскиот извор на оружје. Најмногу оружје во регионот извезува Саудиска Арабија. Таа исто така влегува во групата на петте светски лидери по купување на оружје, заедно со Индија, Египет, Австралија и Кина. Интересно е дека Турција почна да набавува 35 отсто помалку оружје, пренесуваат медиумите.

Русија во 2018 година првпат по 15 години се најде пред Велика Британија според производство на оружје и го зазеде второто место во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња