Меѓу бомбардер Ту-142 и ловец на НАТО F-16AM влета МиГ-31 со ракети со голем дострел Р-33 (ВИДЕО)

Интернет портал „Бог-рата“ (mars.online)
Руските Воздушно-космички сили реализираа една подолга обиколка на воздушниот простор околу северната ледена капа, во која учествуваа два противподморнички бомбардери Ту-142, еден воздушен авио-танкер Ил-78 и пресретнувачи МиГ-31 кои беа ловечка заштита на оваа група. Во еден момент норвешки пилот со авион F-16AM премногу се приближи на противподморнички бомбардер Ту-142 на што ладнокрвно реагираше неговата придружба.

Главната насока на руската воздухопловна група (два Ту-142, еден Ил-78 и МиГ-31) беше лет над Северниот леден и Атлантскиот океан. Нејзината вкупна должина изнесуваше речиси 10 илјади километри, пто не остана незабележано од страна на војските на НАТО кои се наоѓаат на тој простор, пренесува интернет-порталот Maronsline.

Руските авиони летаа над Баренцовото и Норвешкото море, како и над Северниот леден и Атлантскиот океан. Нивната маршрута поминуваше исклучиво над неутрални води. Леталата поминаа 10 илјади километри, а летот траеше вкупно 13 часа.

На различни делови од етапата оваа група на ВКС ја следеа воздухопловните сили на НАТО (ВВ на Велика Британија и ВВ на Норвешка). Во таа смисла беа ангажирани неколку типови ловечки апарати - Eurofigter Typhoon, F-16AM и ловци од петтата генерација F-35 Lightning II.

На видеоматеријалот може да се види како пилот на ловец-пресретнувач МиГ-31 реагираше кога негов норвешки колега со авион F-16AM премногу се приближи до противподморнички бомбардер Ту-142. Тој влета во меѓупросторот меѓу двата авиона и на тој начин го оневозможи „натрапникот“ уште повеќе да се приближи до леталото.

Рускиот ловец притоа носеше четири ракети со голем дострел Р-33 (НАТО –AA-9 Amos). Се работи за проектили од класата „воздух-воздух“. Ракетата Р-33 е наменета за соборување воздушни цели на далечини над 150 км, кои се движат со брзина и до 3000 км/час. Нејзиното наведување е комбинирано. Во поголемиот дел од траекторијата ракетата се наведува по инерцијален пат. Во завршната етапа на летот целата операција на управување со ракетата ја презема радарската глава за самонаведување, кој ја зафаќа целта. Веројатноста за погодок со една ракета на максималниот дострел изнесува 65%. При нејзината примена вообичаено се употребуваат две ракети кои симултано се лансираат на истата цел. Тогаш веројатноста за уништување на целта е речиси 100%.

Р-33 е едноставна ракета, долга 4,2 метри. Масата на ракетата достигнува 500 кг, додека калибарот на нејзината боева глава изнесува 380 мм. Ефективниот дострел се движи во опсег од 2,5- 120 (160) км. При својот лета проектилот развива максимална брзина од 4,5 маха. Поседува фрагментарно-разорна боева глава со голем број фрагменти (шипки) со тежина од 47 килограми. Ракетата ја движи мотор на цврсто гориво. Модификациите на оваа ракета можат да погодат цел на далечина и до 300 км. Понатамошна еволуција на руските ракети со голем дострел претставуваат ракетите Р-37 (НАТО класификација AA-13 „Arrow“) како и ракетите КС-172 (НАТО класификација AAM-L) со ефективен дострел и до 400 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња