Во разработката на новата автоматска пушка се вклучил познатиот конструктор Фјодор Токарев.
Судејќи според документацијата, војската пред сé сакала токму „тежок автомат“, тежок околу пет килограми, со лесен статив за пушка, дополнет со полесен карабин, прилагоден на тој среден куршум, пишува Калашников.Медиа.
За основа на автоматот конструкторот ја зел пушката АВТ-40. Новиот „тежок автомат“ од неа ги добил подвижниот систем (затворачот и рамката), гасната комора со регулаторот и механичкиот нишан. АТ-44 имаше и статив на склопување, а во кундакот и држачот за пиштол постоеше простор за чување на приборот за одржување на оружјето.
Оваа автоматска пушка имаше низа интересни конструкторски решенија, од кои некои најдоа место во автоматската пушка „Калашников“.
Меѓутоа, на тестирањата АТ-44 се покажала како мошне несигурна, се скршила и оштетила, така што е окарактеризирана како бесперспективна и не била препорачана за доработка. Сочувани се два модела на автоматската пушка „Токарев“, кои многу малку се разликуваат. Едниот се наоѓа во Тула, додека вториот се чува во Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче