Србија го комплетираше системот „Панцир-С1“

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Србија го комплетираше системот за противвоздухопловна одбрана „Панцир-С1“ што го доби врз основа на договорот склучен со Русија.

„Сакам да ве информирам дека од денес во воена смисла Република Србија е значително посилна, го комплетиравме нашиот систем „Панцир-С1“. Од никого не го криевме тоа, транспарентно им го кажавме и на оние кои не се радуваат и јас сум горд што за време во кое јас сум командант на нашата војска, борбената готовност и оперативната способност на вооружените сили е не двојно туку тројно зголемена“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Противвоздухопловниот ракетно-топовски систем „Панцир“ со копнено и морско базирање е наменет за блиска заштита на цивилни и воени објекти од сите современи и перспективни средства за воздушен напад во сите временски, климатски и радиоелектронски ситуации, дење и ноќе. Системот исто така е во состојба да заштити објекти од закани од копно и вода.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња