Смотра на воената техника на прославата на Денот на Победата, Црвен плоштад, Москва, 2019.
Комсомольская правда/Global Look PressТехниката и екипажите кои ќе учествуваат во парадата на Црвениот плоштад се префрлаат во подмосковско Алабино, каде што се увежбува секој детаљ. Министерството за одбрана на РФ соопшти кои најнови модели вооружување првпат ќе бидат покажани на парадата.
По Црвениот плоштад ќе помине руското возило „Листва“ за далечинско деминирање терен. Од министерството истакнуваат дека ова оклопно возило сега се префрла од Тејково (Ивановска област) во подмосковско Алабино.
Возило за далечинско деминирање „Листва“.
СкриншотНа покривот на возилото се наоѓа антена која со микробраново зрачење може да ја онеспособи откриената мина.
„Листва“ е уникатно оружје. Намената му е пронаоѓање и неутрализирање мини и експлозивни направи со метални елементи, како и уништување инженериски експлозив и експлозивни направи од рачна изработка поставени на пат по кој треба да поминат ракетни системи „Топол“, „Топол-М“ и „Јарс“.
Возилото направено врз база на оклопно возило „Камаз“ со три осовини открива мини на оддалеченост од 100 метри.
Возилото е направено специјално за Стратешките ракетни сили и веќе на тестирањето ја покажа својата ефикасност.
Покрај тоа, фабриката „Уралвагонзавод“ соопштува дека за подготовка и учество во парадата испратила шест борбени возила од проектот „Деривација-ПВО“.
Универзален борбен систем „Деривација-ПВО“.
УралвагонзаводОва возило има борбен модул со топ калибар 57 мм кој има зголемена прецизност и потполно автоматизиран систем за управување со огнот. „Возилото има тричлен екипаж, но тој не се наоѓа во борбениот модул. Со борбениот модул се управува далечински“, истакнуваат од „Уралвагонзавод“.
„Деривација“ истрелува 120 проектили во минута и во поблиското опкружување погодува дронови, наведувани и крстосувачки ракети, како и проектили од повеќецевни ракетни лансери.
Целите на копно и водени површини „Деривација“ уништува во радиус од 3 километри.
Од фабриката „Уралвагонзавод“ исто така велат дека во парадата ќе учествуваат шест самоодни артилериски орудија „Коалиција-СВ“. Една од главните особености на ова оружје е можноста за далечинско управување со огнот. Софистицираната електроника автоматски управува со наведувањето на орудието, ја бира целта и обезбедува прецизност на погодокот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче