На куполата на овој тенк, на неговиот преден дел и бочните страни се монтирани оклопни плочи кои се пакувани под специјален агол. Оваа модификација ѝ дава на техниката карактеристичен изглед, а самото техничко решение се покажа многу добро во пракса. Зајакнатата „седумдесет и двојка“ не само што успеа да се одбрани од рачните ракетни фрлачи, туку и од наведуваните противтенковски ракети од различен тип кои масовно се употребуваат во Сирија, пренесува интернет-порталот РГ.
Сиријци изгубили тенк Т-72М1 (модификација Т-72 Shafrah) са „угаоном оклопном заштитом“ pic.twitter.com/06j2uACWPY
— Marsonline (@gvozdenavolja) February 29, 2020
Затоа не изненадува тоа што овие тенкови се упатени на најкритичните делови на фронтот. Така оклопна група на сириската војска која во својот состав има вакви модифицирани тенкови се најде и на подрачјето на градот Саракиб, на северот на земјата. Во текот на тактичкото повлекување од Саракиб дојде до технички дефект на тенкот, поради што тој мораше да биде напуштен и оставен на фронтот. Ова е прв случај ваков модифициран тенк да падне во рацете на непријателот.
Протурските бунтовнички групи се обидоа да го транспортираат тенкот во длабочината на својата територија. Меѓутоа, прашање е дали тоа им тргнало од рака, затоа што на ова подрачје по падот на Саракиб е забележана исклучителни силна активност на сириското воено воздухопловство, кое изврши десетици напади врз градот и околу него.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче