„Стрела-10“ во вооружувањето на Војската на Србија
WikipediaКако што забележа воениот експерт Јуриј Љамин, судејќи според остатоците од беспилотното ударно летало ANKA-S прикажани на сириската телевизија, тоа судејќи според сé е соборено од ПА-ракета со краток дострел која го погодила во површината на опашката.
Рускиот експерт забележува дека на корпусот на беспилотното летало се гледаат дупки од гелери кои не се со големи димензии. Исто така може да се види и дека моторот испаднал од лежиштето и дека е тешко оштетен. Другите елементи на ова прилично големо беспилотно летало настрадале како последица на ударот во земја.
Врз основа на прикажаното, Јуриј Љамин со висок степен на веројатност смета дека турското беспилотно летало ANKA-S го соборил или преносен ракетен ПВО-комплекс кој се лансира од рамо, или самоодно ПВО-орудие со краток дострел „Стрела-10“.
„Беспилотното летало поради некоја причина ја намалило висината на својот лет и влегло во дострелот на ова вооружување“, истакнува рускиот воен експерт, пренесува веб-порталот РГ.
Ракетниот ПВО-систем со краток дострел „Стрела-10“ спаѓа во орудијата од советско потекло кој влезе во оперативна употреба на почетокот на 70-те години од минатиот век. Целиот комплекс се наоѓа на гасенична платформа МТ-ЛБ. Мошне често може да се види во Сирија, особено во обезбедувањето на копнените единици (оклопно-механизираните и моторизираните борбени средства) од напад од воздух.
„Стрела-10“ во својот борбен комплет има вкупно осум ПА-ракети, од кои секоја поединечно е тешка 42 килограми. Од тој број четири ракети се наоѓаат во лансирните контејнери и се подготвени за моментална употреба. Масата на боевата глава изнесува 3,6 килограми и се наведува на целта со помош на два канала (фотоконтрастен и инфрацрвен).
Комплексы 9К35 "Стрела-10" в Сирии pic.twitter.com/vaJsMU9uRe
— Komandante (@KomandanteS17) January 16, 2018
Ефективниот дострел на ракетите е 5000 метри во далечина и 25-3500 метри во висина. Вкупната тежина на ПВО-системот „Стрела-10“ е 12,3 тони. МТ-ЛБ го движи мотор со сила од 240 коњски сили. Максималната брзина изнесува 60 км/час. Екипажот го сочинуваат три члена.
Што се однесува до конфликтот во Сирија, „Стрела-10“ активно учествуваше во одбраната на сирискиот воздушен простор од современите крстосувачки ракети кои беа лансирани врз оваа земја кон средината на април 2018 година. Тогаш западните сојузници предводени од САД изведоа напад со голем број ракети BGM-109„Tomahawk“, SCALP, AGM-158 JASSM-ER и Storm Shadow. Според податоците на руското Министерство за одбрана, екипажите кои опслужуваат ПВО-системи „Стрела-10“ лансирале вкупно пет ракети и погодиле три цели, остварувајќи прецизност поголема од 50%.
Треба да се истакне дека рускиот воено-индустриски комплекс преку серија модернизации дојде до стандардот „Стрела-10МН“. Овој модернизиран систем ги исцрпе борбените можности на ова средство до апсолутен максимум. Треба да се истакне дека на оваа верзија на системот е интегриран современ оптоелектронски систем со термовизиска камера, автоматизиран комплекс на зафаќање и следење на цели и скенирање на воздушниот простор. Оваа верзија на „Стрела-10“ главно се наоѓа во составот на Воздушно-десантните единици на руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче