ВИДЕО: Сиријците префрлаат руски хаубици 2А65М „Мста-Б“ во провинцијата Идлиб

Скриншот
Во колона на сириската војска која забрзано се префрлаше кон провинцијата Идлиб се забележани тешки камиони-тегначи КАМАЗ- 63501АТ „Мечка“ кои транспортираа влечни хаубици 2А65М „Мста-Б“, како и артилериска муниција кал. 152 мм, во која, судејќи според сé, има и високопрецизни гранати „Краснопољ“.

Во овој момент ова средство претставува едно од најсовремените артилериски орудија на сириската армија. Што се однесува до оваа компонента, Сиријците главно располагаат со артилериски средства развиени помеѓу 50-те и 70-те години на минатиот век, а неретко се гледаат и „древни“ орудија конструирани пред Втората светска војна.

Овие хаубици првпат беа употребени против терористичките сили во февруари 2016 година. Во наредниот период тие беа незаменлив елемент на огнената поддршка во речиси сите ослободителни операции на сириската армија. Влечната хаубица 2А65 „Мста-Б“ беше многу употребливо орудие за целото време на војната без оглед на видот на операцијата (офанзивна/дефанзивна) при што особено се истакнуваше во уништување на жива непријателска сила, непријателски оклопни единици, утврдувања и огнени точки.

На интернет-мрежата повеќе пати се појавуваа снимки направени од извидувачки беспилотни летала на сириската армија каде што се гледа „снајперската прецизност“ на ова орудие од руско производсство. Притоа освен стандардната муниција се употребуваа и високопрецизните артилериски проектили „Краснопољ“. Овој проектил се наведува ласерски на целта и главно е опремен со разорно-фрагментарен тип на боева глава. Развиен е од Конструкторското биро од Тула (Конструкторское бюро приборостроения). Сериското производство на проектилите се реализира во компанијата ОАО „Ижмаш“. Се произведува во два калибра 152 и 155мм (извозна верзија). Ефективниот дострел на проектилот е до 25 км. Рамковната цена за модернизираната верзија на проектилот со ознака „Краснопољ-М“ е 35 илјади американски долари. Последните негови верзии имаат можност за наведување преку сателит.

Еден од најважните квалитети на хаубицата „Мста-Б“ е нејзината способност за префрлување од една точка на друга. Влечното возило е во состојба да ја транспортира оваа хаубица со брзина и до 80 км/ч на уреден пат.

Кога зборуваме за тегначот „Мечка“, тој во споредба со постарите типови на овие возила има петта класа оклопна заштита, како и зголемен комфор за артилерискиот екипаж при транспорт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња