Погледнете удар на ракета 9Н123К што сириската војска ја примени во близина на Саракиб (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Сириската армија примени тактичко оружје од советско потекло против терористичките сили кои судејќи според сé успеаја да го завладеат местото Најраб, во непосредна близина на Саракиб. Нападот е изведен во вечерните часови. Сиријците претпоставуваат дека во овој напад е остварено тактичко изненадување. Силата на касетната боева глава што ја користи ракетата 9Н123К гарантира уништување на жива сила на површина од околу пет хектари.

Сириската армија последниве десетина дена истрела неколку тактички ракети од класата „земја-земја“ „Точка-У“. Некои од тие ракети се опремени и со касетни боеви глави како што е моделот 9Н123К. Основната цел на ракетните удари е спречување понатамошен продор на припадниците на Хајат Тахрир аш-Шам во правец на Саракиб и стратешки важната комуникација М-5 која претходниве неколку дена е во целост деблокирана. На исламистичките сили активна поддршка им дава турската војска, која главно пружа огнена поддршка (артилерија и повеќецевни ракетни лансери), пренесува интернет-порталот Marsonline.

Нападот е изведен во вечерните часови. Сириската војска претпоставува дека во овој напад е остварено тактичко изненадување. Силата на касетната боева глава што ја користи ракетата 9Н123К гарантира уништување на жива сила на површина од околу пет хектари.

Сириската армија успеа да собори и едно ударно беспилотно летало на турската војска недалеку од ова место. На бројни веб-портали се наведува дека ова беспилотно летало е соборено од „Панцир-С1Е“ кој се наоѓа во вооружувањето на сириската војска. Ова засега не е официјално потврдено.

Што се однесува до ракетата 9Н123К, таа се наоѓа во вооружувањето ан ракетниот систем „Точка-У“. Опремена е со касетна боева глава која се состои од 50 фрагментарно-разорни елементи 9Н24. Поединечната маса на секој од овие елементи е 7,45 килограми и во него освен експлозивно полнење се наоѓаат 300-320 фрагменти. Вкупната маса на боевата глава е 482 килограми. Таа вкупно содржи околу 16 илјади фрагменти кои се растураат на површина од околу 5 хектари. Нејзината основна намена е уништување на непријателската жива сила и неоклопени борбени средства на отворен простор.

Треба да се напомене дека тактичките системи „Точка“, кои под шифрираниот назив на НАТО се означуваат како SS-21 “Скарабеј”, својата прва борбена примена на просторот на Сирија ја имаа уште при крајот на 2012 година. Се употребува за уништување на копнени цели на далечини до 70 км. Тежината на ракетата достигнува 2000 кг, од што на разорно-фрагментарната боева глава отпаѓаат околу 480 кг.  

Во моментов во Сирија се применува модернизираната варијанта на овој систем која ја носи ознаката „Точка-У“. Таа се одликува со зголемен степен на прецизност како и дострел на ракетата кој сега изнесува 120 км. Сириските воени инженери дополнително го зајакнаа овој систем со додавање оклоп на лансирната единица, како и на придружната логистичка машина која ги носи ракетите и врши нејзино полнење. Вкупната тежина на лансирната единица која се наоѓа на возило на тркала со амфибиски карактеристики достигнува 18 тони. Ја движи дизел-мотор со сила од 300 КС. На пат ова возило со ракета може да развие брзина и до 60 км/ч, а при форсирање на водена пречка може да оди со 8 км/ч. Со полн резервоар може да помине растојание до 650 км. Екипажот го сочинуваат тројца војници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња