Мајсторска прецизност: Спуштање на палубен хеликоптер Ка-27ПС на асфалтен пат (ВИДЕО)

Public domain
Според сценариото на воената вежба, диверзантите на условниот непријател се обидоа преку федералната сообраќајница да продрат во градот Петропавловск-Камчатски.

Првиот бродски хеликоптер Ка-27ПС на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота на Русија се спушти на асфалтен пат и по завршената работа полета од него. Пилотите на хеликоптерската ескадрила на посебниот мешовит авијациски полк, составен од трупите на североистокот на Русија, ги вежбаа овие поединости во текот на летечко-тактичките маневри на Камчатка.

Според сценариото на воената вежба, диверзантско-извидувачка група на условниот непријател се обиде да продре во градот Петропавловск-Камчатски по федералниот пат Елизово – Петропавловск-Камчатски. Екипажот на палубниот хеликоптер и припадниците на антидиверзантската единица имаа задача да ги блокираат „диверзантите“ од воздух и да ги ликвидираат.

Палубниот спасувачки хеликоптер Ка-27ПС и борбено-транспортен хеликоптер Ка-29 полетаа од аеродромот Елизово. Кога е откриено возилото на диверзантската група на условниот непријател на подрачјето на 22 километар на федералниот пат Елизово – Петропавловск-Камчатски, хеликоптерот Ка-27ПС се спушти на асфалтот. Веднаш потоа се истовари антидиверзантската група. Припадниците на Спецназот го блокираа автомобилот и ги ликвидираа условните диверзанти.

Од воздух ги покриваше екипажот на хеликоптерот Ка-29. За време на изведувањето на задачата на патот беше запрен сообраќајот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња