Веќе некое време е познато дека „Аурус”, руската компанија која од 2018 година произведува блиндирани лимузини за Путин, работи на дизајн на својот прв теренец. Во јавноста „протече“ фотографија на која може да се види дека проектот веќе го одминал почетокот.
„Аурус” претходно го претстави моделот на лимузината Senat, како и својот минивен. Но, се покажа дека компанијата паралелно работела и над теренецот.
Овие фотографии ја прикажуваат работната верзија на прототипот на идното теренско возило кој е тестиран, се претпоставува, во Норвешка.
Се гледа дека прототипот не е завршен, затоа што недостигаат задните светла, како и дизајнот на двојниот издувен систем. Меѓутоа, на новите снимки можеме да го видиме возилото во движење, за разлика од претходно објавените фотографии кои го прикажуваа автомобилот во состојба на мирување.
Иако возилото не е завршено, овие слики покажуваат како би можел да изгледа луксузниот теренец кога конечно ќе излезе на пазарот. Мораме да признаеме дека потсетува на Rolls-Royce Cullinan.
Aurus е специјализиран за делукс-возила наменети за делот на пазарот кон кој гравитираат и брендови како што се „Ролс-Ројс“ и „Бентли“. Според Александар Михајлов, директор на изложбениот простор на „Аурус“ во Москва, седанот Aurus Senat би требало да се појави во продажба до крајот на 2020 година. Додека терминот за излегување на пазарот на лимузината и теренецот сé уште не е најавен.
Во секој случај, сега е вистинското време да почнете да штедите!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче