Американската компанија BellFlight (Bell Helicopter) објави анимирана видеоснимка на која се гледа како група ударни хеликоптери од новата генерација Bell 360 Invictus уништува современа руска оклопна борбена техника базирана на платформата „Армата“, вклучувајќи и ефектно избегнување на ПВО-системите кои се лансираат од рамо (Игла-С/Врба).
Америчка компанија BellFlight објавила је видео-снимак на коме се види како група ударних хеликоптера нове генерације Bell 360 Invictus уништава савремену руску оклопну борбену технику базирану на платформи „Армата“, укључујући и ефектно избегавање ПВО система (Игла-С/Верба). pic.twitter.com/jfMRXCUtnu
— Marsonline (@gvozdenavolja) February 25, 2020
По видеоснимката на која се гледа уништување на ракетни системи С-400, фантазерските американски креатори смислија и епизода во која новата генерација ударни хеликоптери Bell 360 Invictus напаѓа развиен тенковски распоред во напад составен од основни борбени тенкови Т-14 „Армата“. Притоа тие со наведувани ракети „од прва“ ги погодија сите тенкови што се гледаа на хоризонтот, додека истовремено изведоа и маневри за избегнување на ПВО-ракетите лансирани од лесни преносни системи „Игла-С“ („Врба“). Сето тоа е проследено со визуелни ефекти на „рафално“ исфрлање топлотни мамки, кои ги одвлекоа руските ракети далеку од својата цел.
Во еден момент се појавуваат и борбени возила на пешадијата од нова генерација Т-15 кои исто така се направени врз база на платформата „Армата“. Овие возила со комбинација на ненаведувани ракетни зрна и оган од топовите се исто така уништени. Комплетната операција е реализирана без загуби, со што им е овозможено на американските копнени трупи да продолжат со своите офанзивни дејствија.
Сепак, треба да се нагласи дека овде е избегнат еден мал детаљ, без да констатираме дека во комплетното сценарио не се појавуваат трупните ракетни ПВО-системи „Панцир-С1“ и „Тор-М2“ кои во руската доктрина за употреба на копнените сили имаат централно место во заштитата на ешалоните оклопни единици. Имено, не знаеме како оваа анимација воопшто би се реализирала доколку случајно наместо борбената купола „Епоха“ на БВП Т-15, креативните американски креатори би ја додале борбената купола Ау-220М „Бајкал“ опремемна со автоматски топ 2А91 калибар 57мм, која ќе биде стандардна кога е во прашање вооружувањето на овие возила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче