Како што се наведува, во текот на маршот возилата тешки неколку тони, со интензивниот сообраќај на цивилните возила ќе мораат да совладаат 60 сложени делници на патот и 19 мостови.
Од службата за односи со јавноста на Западниот воен округ велат дека кон крајот на март на подмосковскиот полигон Алабино, каде што е направена прецизна копија на Црвениот плоштад, ќе започнат заедничките вежби на парадните чети на пешадијата и механизираните колони. Војската обично реализира десет тренажни маршеви, а кон крајот на април техниката ја префрлува заради пробите во Москва.
Минатата недела министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави дека на јубилејната Парада на Победата ќе учествуваат 15 илјади луѓе и речиси 400 единици копнена и воздухопловна техника. Планирано е покрај руските војници, офицери, Суворовци и кадети, во свечениот марш на кремљовската коцка на 9 мај да поминат претставници на пријателските војски.
Системите „Јарс“ во моментов се примаат во вооружувањето во неколку полкови на Ракетните сили за стратешка намена. Во некои од нив на борбено дежурство ќе бидат мобилните варијанти на тој систем, а во еден (Козељската дивизија) интерконтиненталните ракети РС-24 ќе бидат распоредени во подземни силоси.
Во извесна смисла „Јарс“ може да се нарече помлад брат на стратешкиот систем „Топол“. Развиван е врз негова основа, но испадна многу помоќен. Развиените борбени карактеристики на „Јарс“ од разбирливи причини се држат во тајност, иако е познато, на пример, дека оваа ракета има предност во однос на РС-12М2 „Топол“. Без оглед што „Јарс“ не носи еден туку три до четири блока, конструкторите успеаја да го зачуваат дострелот на новата стратешка ракета на повеќе од десет илјади километри.
Стручњаците тврдат дека напредните технологии применувани при нејзиното создавање ѝ обезбедуваат трајност на муницијата, а во наредните дваесет до триесет години „Јарс“, „Топол“ и поновите ракети ќе можат да го совладаат секој ПВО-систем.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче