Претседателот на Русија во текот на колегиумот на Федералната служба за безбедност посвети посебно внимание на важноста на заштитата на податоците за иновативните научни достигнувања во Русија, пренесуваат медиумите.
Странските тајни служби во Русија и понатаму се многу активни, додаде тој и се осврна на понатамошната потреба од спречување на повици на агресија, било каква манифестација на национална и верска омраза, како и на континуирана борба против тероризмот.
„Еден од главните приоритети на ФСБ останува борбата против тероризмот. Минатата недела подетално разговаравме за остварените резултати во таа област, како и за тенденцијата во таа сфера во последните десет години. Многу е важно што во тој период се зачувани позитивната динамика и тенденцијата на тоа поле“, изјави рускиот лидер на состанокот.
Рускиот претседател нагласи и дека моќта на информациското оружје само ќе се зголемува со развојот на дигиталните технологии, така што е неопходно однапред да се работи на заштита на интересите на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче