Сириската армија довлече на северот на земјата повеќецевни ракетни лансери БМ-27 „Ураган“

Marsonline (bog-rata.com)
Во склоп на операцијата против терористичките сили што се одвива западно од градот Алепо и провинцијата Идлиб, сириската армија довлекува во оваа зона силни артилериски средства. На ова подрачје е забележан и советскиот/руски повеќецевен ракетен лансер „Ураган“ калибар 220 мм.

Во операцијата учествуваат околу 10 илјади од најискусните сириски борци кои многу успешно ги потиснуваат терористичките одреди на исламистичката организација Хајат Тахрир аш-Шам на речиси сите делови на фронтот. Во офанзивата особено се истакнуваат единиците на 25 дивизија „Тигри“ и 4 оклопна дивизија, на кои им помагаат и ПРЛ БМ-27 “Ураган”. Непријателот притоа трпи големи загуби во жива сила и техника, пренесува порталот Mars.online.

Треба да се истакне дека наведените две формации во голем обем се снабдени со руско вооружување и воена опрема. Во нивната техничка и тактичка обука учествуваа и руски специјалисти. Според зборовите на бројни стручњаци, сириската дивизија „Тигри“ е еквивалентна на засилена механизирана бригада на руската армија, во која се наоѓа и тенковска чета опремена со обт Т-90С.

БМ-27 „Ураган“ (НАТО индекс 9П140) е самооден повеќецевен ракетен лансер проектиран во Советскиот Сојуз. Започна со служба во советската армија кон средината на 1970-те години. Се работи за лансер монтиран на камионска платформа ЗИЛ-135ЛМ. Ова средство во рафален оган може да ги истрела сите 16 ракети калибар 220 мм за 20 секунди. Ефективниот дострел на овие ракети е 35,8 км. Со плотунски удар едно орудие покрива површина од 426 илјади квадратни метри. Масата на една ракета изнесува 280 кг, додека вкупната тежина на наполнета лансирна единици е околу 20 тони.

Се смета дека сириската армија поседува 4-5 артилериски батерии опремени со повеќецевни ракетни лансери БМ-27 „Ураган“. Нивното  разорно дејство против терористичките формации во Сирија беше особено забележано во текот на ослободителната операција на сириската војска за заземање на Палмира. Оваа операција се изведуваше во 2016 година при што во целост беше разбиен елитниот одред на терористичката организација „Исламска држава“ со јачина од 2 илјади луѓе и ослободена Палмира.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња