Припадниците на единиците на полкот на морнаричката пешадија извршија поморски десант на неуреден брег. Ова го соопшти прес-службата на Јужниот воен округ на Русија.
„На воените полигони „Скорпион“ и „Аданак“ во Република Дагестан, припадниците на полкот на морнаричката пешадија на Касписката флотила извршија марша во оклопни транспортери БТР-82А во реонот на формирање на колона и се натоварија на десантни бродови“, се наведува во соопштението.
„Кога го зазедоа теренот по должината на линијата на брегот, припадниците на морнаричката пешадија започнаа со спроведување на наставно-борбените задачи за пробивање на одбраната и целосно уништување на симулираниот непријател со огнена поддршка на оклопните транспортери, спроведувајќи борбени гаѓања од стрелечко оружје со гранатирање на различни позиции на „непријателот“, додадоа од прес-службата.
Припадниците на самоодната артилериска бригада отворија оган врз позициите на симулираниот непријател со примена на артилериско орудие „Нона“.
Во вежбите учествуваат преку илјада војници, 20 бродови (десантни бродови од класата „Серна“ и помошни бродови), околу 200 единици вооружување, воена и специјална техника, како и шест хеликоптери Ми-8АМТШ „Терминатор”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче