Борбено-транспортен хеликоптер Ми-24П кој се наоѓа во вооружувањето на сириската армија во текот на една мисија е погоден со граната калибар 57 мм. Според првичните информации, врз хеликоптерот дејствувал противавионски топ С-60 кој терористите главно го употребуваат за гаѓање копнени цели поради исклучителната сила на неговата муниција, пренесува Mars.online.
Нема никакво сомнение дека секој „западен“ хеликоптер при погодок на толку силна граната истиот момент би бил срушен и претворен во куп изгорен метал. За уништувањето на хеликоптерот први соопштија турски извори. Меѓутоа, како што се покажа подоцна, таа информација беше далеку од вистината. „Летечкиот тенк“ Ми-24П од руско производство, и покрај погодокот од толку моќна муниција, безбедно се врати во својата база.
#SyAAF Mi-24P hit by an S-60 57mm round and lived. That's why they're called flying tanks. Via @Syrian_MCpic.twitter.com/nXq4xkpS0X
— Jason Jones (@DPRKJones) February 10, 2020
Судејќи според фотографијата, се работи за летало кое се наоѓало во состав на ВКС на руската армија. Ова летало во 2017 година станало дел од сириските вооружени сили, пренесува рускиот веб-портал РГ.
Ми-24 ја покажа својата феноменална борбена жилавост уште во 80-тите години на минатиот век. Ескадрили „летечки тенкови“ ги поддржуваа единиците на 40. советска армија која дејствуваше во Авганистан. Во текот на својата борбена употреба, овие хеликоптери знаеја да издржат погодоци на повеќе ракети истрелани од лесни преносни ракетни системи, оган од ПА топови и митралези со голем калибар. Слични искуства кои во пракса го оправдуваат прекарот „летечки тенк“ се забележани и во текот на бројните судири ширум светот во кои учествуваше овој хеликоптер.
Пред почетокот на војната во Сирија, сириската армија имаше во својот состав триесетина оперативни ударни хеликоптери Ми-25 (ознака за извозната верзија на Ми-24).
Во текот на овој судир овие хеликоптери се активно употребувани во голем број противтерористички операции. Тие со голем успех ги напаѓаа позициите во кои се наоѓаа терорристички сили, како и нивни борбено-транспортни средства. Притоа масовно се употребувани ненаведувани, а повремено и наведувани ракети, како и гравитациски бомби.
Руската воена индустрија неодамна ја претстави и модернизираната верзија на хеликоптерот направен врз база на Ми-24П а која ја носи ознаката Ми-35П+. Се работи за летало кое ќе добие нов комплекс за управување со огнот со помош на кој ќе се наведуваат современи убојни средства, како и оптоелектронски систем. „Ние ќе ги оспособиме овие хеликоптери да ги користат современите наведувани ракети „Атака“ или „Виор“, изјави притоа првиот човек на концернот „Росвертол“ Андреј Богински.
Со модернизацијата на ова летало е продолжен е неговиот употребен ресурс на 45 години. На овој начин ќе се оправда економската исплатливост на модернизацијата на овие летала. Оваа верзија на хеликоптерот веќе предизвика голем интерес во светот, особено кога станува збор за војските кои во своето вооружување ги поседуваат овие средства.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче