Во Сирија повторно е забележана видеоснимка на погодок во тенк што ја направија и објавија оператори на ХТШ на наведувани противтенковски системи. Терористите погодија модификација на советскиот/руски тенк Т-72 Adra кој се одликува со зајакната оклопна заштита. Руските воени стручњаци со најновиот пример ја дополнија својата теза дека модерниот судир бара оклопните единици во напад огнено да ги поддржуваат специјализираните борбени средства за огнена поддршка.
Во борбите западно од градот Алепо, терористичките сили на ХТШ засилено употребуваат наведувани противтенковски ракети. Така, пред некој ден беше погодена модификација на тенкот Т-72 која носи ознака Adra. Овој тенк се наоѓа во состав на 4. Тенковска дивизија на сириската армија. Меѓутоа, без оглед на традиционалните викотници кои секој пат ги емитуваат терористите, Adra ни овој пат не беше уништен. Неговата зајакната оклопна заштита успеа да ја запре ракетата. Тенковскиот екипаж го преживеа овој напад без никакви последици, пренесува порталот Mars.online.
Противотанковая ракета vs. T-72 Adra в Сирии. Танкистам, похоже, опять повезло. pic.twitter.com/7XXrRT2jPe
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) February 10, 2020
Според мислењето на руските воени стручњаци, најновите борбени дејствија покажаа уште еднаш дека оклопните единици мораат да имаат адекватна огнена поддршка.
Едно од таквите решенија што ги нуди рускиот воено-индустриски комплекс е тешко наоружаниот гасеничен комплекс за поддршка БМПТ „Терминатор“.
БМПТ „Терминатор“ оспособен ефикасно да се бори со современи тенкови, борбени возила на пешадијата и други оклопни средства (транспортери, оклопни автомобили), како и упоришни точки со непријателска жива сила.
Ударното ракетно вооружување се состои четири ласерски наведувани суперсонични противтенковски ракети „Атака-Т“ сместени во ист број на транспортно-лансирни контејнери. Оваа ракета се одликува со екстремно висока брзина на летање, и според факторот брзина спаѓа во најбрзите ракети од овој тип на светот (нејзината брзина изнесува околу 550 м/сек). Максималната далечина на која се лансира ракетата е 6 км, а на таа далечина таа може да го пробие секој современ тенк чиј оклоп е зајакнат со динамична заштита. Покрај тандем-кумулативната боева глава, овие ракети можат да носат и термобарички боеви глави кои се многу ефикасни против живата сила на противникот.
Треба да се спомене дека напредните верзии на оваа ракета, со тандем боева глава, имаат зголемен дострел кој сега достигнува цели 10 км, а зголемена е нејзината пробојност која изнесува 1000мм+ хомогена челична плоча, заштитена со структура од динамична заштита.
Покрај ракети „Атака-Т“, на возилото се наоѓаат и два автоматски топа 2А42 со кал. 30 мм, кои имаат борбен комплет од 850 гранати. Овие топови ги произведува познатиот завод „Туламаш“ од Тула. Топот истрелува муниција со калибар 30×165 мм, а балистичките карактеристики на гранатата обезбедуваат ефективен хоризонтален дострел до 4000 метри (пробојност до 50 мм хомоген челик под агол од 60 степени на далечина од 1000 м). За овој топ се развиени два типа муниција со калибар 30×165 мм, панцирна и фугасна. Топовите се оспособени да дејствуваат во единечен и рафален режим на стрелба. Со нив е спарен и митралез ПКТМ кал.7,62х54 мм, како и два автоматски фрлачи на гранати кал. 30 мм (секој по 300 гранати).
Масата на ова возило достигнува 44 тони, додека неговиот екипаж се состои од пет војника. Максималната брзина на уреден пат е 65 км/час, додека со полн резервоар „Терминатор“ може да помине 550 километри. Возилото може да совлада ров широк 2,8 метри, како и вертикална пречка висока 0,85 метри.
Треба да се напомне дека ова возило успешно го заврши и тестирањето во реални борбени услови во Сирија, каде што прикажа одлични резултати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче