Трговско-индустриската компанија „Восток-Трејлер“ (Восток-Трейлер) од Владивосток направи возило за брза помош од џипот „Тојота Мега Крузер“ кој популарно се нарекува и „јапонски Хамер“.
Ова уникатно возило го доби називот „Детра-СМП“. Порталот Drom.ru пишува дека новото возило за брза помош ќе работи во рудниците, а главната задача ќе му биде да довезе екипа лекари на местото на хаваријата близу рударското окно, а потоа да ги евакуира повредените.
За разлика од обичниот „Мега Крузер“, „Детра-СМП“ има каросерија од монолитен метал дебел неколку милиметри, заштитни решетки на прозорците и медицинска опрема за давање прва помош и реанимација.
Компанијата ги извела сите работи самостојно. Нејзините стручњаци самостојно ја конструираа, направија и монтираа шасијата и медицинската опрема.
Ова е веќе втор случај на преуредување на теренско возило во возило за брза помош. Во октомври во Русија беше претставена „брза помош“ направена врз база на теренското возило Lada 4x4 и прилагодена на потребите за превоз на лекари, како и на пациенти со ограничени можности.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче