Во Русија ќе направат телескоп за потрага по сигнали на вонземјани

Роскосмос
Во Русија работат на телескоп за потрага по сигнали на вонземни цивилизации. Со негова помош научниците ќе ги следа вселенските зраци.

Освен тоа, тој ќе овозможи следење на оптичките блесоци на светлината, објави РИА „Новости“ повикувајќи се на водечкиот научен соработник на Научноистражувачкиот институт за нуклеарна физика на МГУ, раководител на научно-културниот центар SETI при Советот за астрономија на РАН, претседател на секцијата „Живот и разум во Вселената“ на Советот за астрономија на РАН Александар Панов.

Инструментот може да се користи за потрага по вештачки вонземни сигнали. Што се силните блесоци? Можеби некој на Земјата праќа сигнали надвор од радиоспектарот преку ласерски канал“, објасни Панов. Во случај на контакт со вонземјани Земјата би можела да се збогати со историјата, книжевноста, религијата, филозофијата на вонземните цивилизации, смета овој научник.

Прочитајте повеќе: Руски космонаут очекува средба со вонземјани

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња