Одделение повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34
Вадим Савицки/Global Look Press„Комплетниот летечки состав успешно го реализираше летот на висина од 17 илјади метри при ниски температури, при што уште еднаш е докажана повеќенаменската функција и сигурноста на овие летала“, се вели во соопштението што го пренесува веб-порталот РИА „Новости“.
Во овој момент температурата во Хабаровск се спушти на -20 степени Целзиусови. На висина од 17 илјади метри температурата е многу пониска и изнесува -55 степени Целзиусови.
Пред изведувањето на летот техничката служба детално ја провери исправноста на леталата и нивните системи и оцени дека сé е во максимално исправна состојба.
„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО Fullback) припаѓа на класата на тактички повеќенаменски ловци-бомбардери. Развиен е во KБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата примарна намена се бомбардерски задачи, при што со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар на копнени цели. Благодарение на неговата компатибилност со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели како на море, така и во воздухот. Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронски пречки, што значително ја отежнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, како и непријателските екипажи на средствата за ПВО.
Во последно време се споменува дека рускиот воено-индустриски комплекс планира да го унапреди ова исклучително летало кое покажа одлични резултати во текот на воздушната операција во Сирија. Во план е понатамошно унапредување на напаѓачко-навигацискиот комплекс на леталото, потоа проширување на асортиманот со перспективни убојни средства, интеграција на современи системи за противелектронска борба итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче