Аналитичари од САД: Благодарение на Сирија рускиот Су-35 сериозно го „засени“ својот наследник Су-57

Слободан Ѓукиќ
Модернизираниот авион-ловец Су-35 од генерацијата 4++ се покажа како далеку поефикасна борбена машина отколку што можеа да замислат руските експерти. Тоа отиде дотаму што ова летало прилично го „засени“ перспективниот ловец од петтата генерација Су-57 кој треба да стане негов наследник. Ова во средата, 5 февруари, го објави американскиот веб-портал „Национален Интерес“ (The National Interest).

Како што пренесува американскиот сајт, Су-35 бил замислен како преодно решение до воведувањето на авионите од петтата генерација во руските Воздушно-космички сили. Меѓутоа, од моментот кога се појави, овој авион демонстрираше толку висока ефикасност и универзалност, што со причина може да се постави прашањето дали неговиот наследник воопшто може да биде подобар. Големиот бонус кој од во полза на ова летало е постигнат при изведувањето на воздухопловната операција во Сирија (значи, во воени услови), каде Су-35 прикажа завиден борбен потенцијал, каков што дотогаш не беше доволно познат.

Овие летала слетаа во руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија во 2016 година. Во наредните години, групата вакви авиони активно учествуваше во операциите против терористите во Сирија (особено против исламистичката група „Исламска држава“). Според зборовите на американските аналитичари, „од првите часови кога почна руската воздушно-копнена операција па до денешен ден, Сирија стана совршен полигон за реално тестирање на руската армија и нејзината техника од современо доба“, наведува The National Interest.

Што се однесува до рускиот ловец Су-35, екипажите кои управуваат со овие летала максимално го искористија неговиот тактички потенцијал кој е во согласност со повеќенаменската улога на ова летало – огромен. Пилотите се запознаа уште подобро со своите летала и го избрусија военото искуство.  

Иако руската војска, поточно ВКС, смета дека воведувањето на ловецот од петтата генерација Су-57 ќе обезбеди нејзина технолошка надградба, нема никаков сомнеж дека покрај ова летало еден од главните авиони ќе остане и суперманеварбилниот „фланкер“ Су-35.

Су-35С длабоко модернизиран супермневарбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологии од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира  многу квалитетна авионика која за основа користи коплексен компјутерски информационо-команден систе, нов рдр, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Максималната брзина на авионот е 2500 км/час, додека оперативниот долет достигнува 3400 км. Су-35 е вооружен со воздухопловен топ со калибар 30 мм, а на леталото има уште 12 точки за бомби и ракети кои се мерат во тони.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња