Поради активностите на руските подморници, источниот брег на Соединетите Држави престана да биде „сигурно прибежиште“ за американската флота. Ова го изјави вицеадмиралот на американската морнарица Ендрју „Вуди“ Луис, пренесува The Drive.
Според неговите зборови, поради присуството на сé посовршените и со самото тоа и потивки руски борбени подморници, американската воена морнарица не може да го смета Атлантикот како зона на својата „неспорна“ доминација. Тој додаде дека противникот почнал да користи воена техника со „значително посмртоносни системи на вооружување“, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.
„Нашите бродови кои се наоѓаат во водите на Атлантикот на источниот брег на САД повеќе не можат да очекуваат дека се наоѓаат во безбедна зона, нитува дека ќе можат непречено да го пресечат Атлантскиот океан заради изведување борбени операции на друго место“, рече вицеадмиралот Луис на состанокот на американскиот Воено-поморски институт и Центаерот за стратешоки и меѓународни студии.
Според неговите зборови, ВМ на САД се наоѓа во таква ситуација што веднаш штом нејзините бродови ја напуштат базата Норфолк (главната поморска база на Атлантската флота) влегуваат во води кои можат да се окарактеризираат како небезбедни.
Американскиот вицеадмирал напомена дека руските подморници патролираат во широката зона на Атлантскиот океан и дека во секој момент се наоѓаат во неговите води. Посебно внимание тој обрати на извештајот во кој е регистрирана засилена активност на руските подморници во овој дел на светот во последниве неколку години.
Луис нагласи дека активноста на руската армија не е исклучиво врзана за подморниците. Тој потсети дека во декември минатата година е забележано појавување на извидувачкиот површински брод „Виктор Леонов“ кој го набљудувал источниот американски брег.
Во секој случај, севкупната подготовка на американските воени бродови и подморници кои се наоѓаат во овој сектор станува сé покомплицирана и со самото тоа поизискувачка за изведување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче