На полигоните на Источниот воен округ одржани се вежби за фрлање гранати. Учествуваа припадниците на руската војска дислоцирани во различни региони во источниот дел од земјата.
Меѓу другото, се изведуваше и боево гаѓање со нови елементи и вежби. Задачите се осмислени така што го содржат искуството од современите вооружени конфликти. Во стрелањето учествуваа околу три илјади војници.
Уништени се нови подвижни мети реализирани со голема доза автентичност. Дел од нив беа во улога на лесно оклопени автомобили кои често ги користат терористите-самоубијци.
Војниците вежбаа уништување современа оклопна техника, вклучувајќи тенкови со активна заштита, опремени со различни помошни средства.
На вежбите се изведуваше и контранапад од различни противтенковски фрлачи на гранати РПГ-7В и автоматски со потпора АГС-17 „Пламја“. Околу половина од нападите се извршени ноќе со користење уреди за ноќно набљудување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче