Во Московската областа е завршена воена вежба на единиците за ПВО од составот на Западниот воен округ. Основната задача на ракетните екипажи беше одбрана на делови од градот од масовен воздушен удар врз стратешки објекти кои се наоѓаат во посед на Вооружените сили на Руската Федерација.
„Ракетна батерија опремена со ПВО-системи С-300В извееде марш до реонот на распоредување, кој е оддалечен околу 10 км од базата. За време на движењето беше симулиран напад од страна на непријателска извидувачка диверзантска група, поради што придружбата на колоната, како и екипажот, мораше да прифати борба со непријателот. Под заштита на густа чадна завеса, колоната во која беа системите С-300В успеа да продолжи со понатамошно движење и набргу да ги заземе своите борбени позиции“, нагласи во своето соопштение информативната служба на Западниот воен округ.
Откако зазеде борбен поредок, батеријата системи С-300В преку своите моќни радарско-набљудувачки уреди почна да го скенира воздушниот простор. Притоа радарите успеаја да детектираат голем број цели, кои претставуваа беспилотни летала и балистички ракети на условниот непријател.
„При зафаќањето на електронските цели, екипажите на ракетните системи С-300В изведоа лансирање на ракетите. Во моментот на лансирање, целите се наоѓаа на оддалеченост од околу 150 км од стратешки важните објекти во Москва и Московската област“, велат од информативната служба на Западниот воен округ, пренесе веб-порталот „Тв-Ѕвезда“.
По завршувањето на лансирањето, извршена е дополна на транспортно-лансирните конејнери со помош на специјално логистичко возило. Целиот процес траеше околу 15 минути, а подразбираше замена на ракетните контејнери, од кои секој има тежина од 6000 кг. Сите контејнери се обезбедени со троен систем на заштита, што не дозволува детонирање на боевата глава на ракетата за време на нејзиниот транспорт и претовар.
Во вежбата вкупно вежбата беа ангажирани вкупно околу 350 офицери и војници, со околу 130 единици разно вооружување, воена и специјална техника. Оваа војска се наоѓа во состав на самостојната бригада за ПВО на Западниот воен округ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче