На воената парада што ќе се одржи на 9 мај на Црвениот плоштад, за првпат ќе бидат претстави 24 најнови модели борбена техника. Ова во вторникот на конференцискиот телефонски состанок го соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Во Парадата ќе учествуваат вкупно 225 единици вооружување и воена техника, 150 летала и 15000 илјади војници. Историскиот дел на парадата, според Шојгу, ќе го сочинуваат 10 единици во воена униформа од времето на Втората светска војна. По нив ќе помине механизирана колона од легендарните тенкови Т-34 и артилериските самоодни орудија СУ-100.
Се наведува дека подготовките на војниците е во полн ек. „Заедничките тренинзи во Алабинскиот гарнизон почнуваат на 15 март. Bкупно ќе бидат одржани 15 тренинзи. А од 29 април почнуваат пробните возења на Црвениот плоштад“, објасни рускиот министер за одбрана.
Празничните манифестации на Денот на Победата со учество на војската ќе се одржат истовремено во 475 руски градови и населби. Во нив ќе учествуваат преку 116 илјади припадници на војската.
Освен тоа, манифестациите по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна ќе продолжат и по 9 мај. Според Шојгу, Министерството за одбрана планирало цел комплекс вакви настани и тие ќе бидат реализирани во текот на целата 2020 година. Министерот рече дека на ветераните ќе им биде пружена сестрана помош во која ќе биде вклучен голем број волонтери и членови на младинското движење „Јунармија“. „Ќе продолжиме да објавуваме уникатни архивски материјали кои ја кажуваат вистината за војната. Во април и мај ќе ја одржиме патриотската акција „Ешалони на Победата“ во која возови со експонати од времето на војната ќе ја обиколат целата земја, вклучувајќи ги и градовите-херои“, рече рускиот министер за одбрана.
Посебно место во свеченостите, според Шојгу, ќе заземе осветувањето на Главниот храм на Вооружените сили и отворањето на музејскиот комплекс „Патот на сеќавањето“, за кои веќе се отворени пунктови за собирање фотографии и податоци, како и специјалниот сегмент на веб-страницата на Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче