Во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences се објавени резултатите од археолошките истражувања вршени со години во Чагирската пештера на Алтај. Неандерталците кои живееле овде пред 49-59 илјади години, како што се покажа, се многу послични на своите источноевропски собраќа отколку на неандерталците кои пред 110 илјади години живееле на Алтај.
Археолозите предводени од Ксенија Колобов од Институтот за археологија и етнографија на сибирското одделение на Руската академија на науките и Ричард Робертс од австралискиот универзитет во Волонгонг, го завршија големиот циклус работи во Чагирската пештера која се наоѓа во подножјето на Алтај, каде што во 2008 година беше пронајдено живеалиште на неандерталците.
За време на истражувањето бе пронајдени околу 90 илјади артефакти и 74 фрагменти од коски на неандерталци стари меѓу 49 и 59 илјади години.
Пронајдоците со коски од животни и реконструкцијата на животната средина врз основа на фрагменти од првобитната флора и фауна доведоа до заклучок дека чагирските неандерталци ловеле и се хранеле со бизони и биле прилагоден на студена и сува клима.
Стручњаците анализираа над 3000 камени орудија од Чагирската пештера и открија дека овие алатки многу потсетуваат на орудијата за работа на микокеенската култура од средниот палеолит, која била распространета во источна и централна Европа.
Слични орудија се пронајдени во пештерата Окладников (Сибирјачихинска) која се наоѓа источно од Чагирската пештера. Тоа е најисточното место на живеење на неандерталците во Азија. Староста на примероците од пештерата Окладников утврдена со радиокарбонски метод изнесува 24200-37800 години.
Во Денисовата пештера, која се наоѓа во близина на Чагирската, не се пронајдени артефакти од микокеенската култура. ДНК-та на Чагирскиот неандерталец укажува на потесна врска со источноевропските неандерталци (северна Хрватска и северен Кавказ) отколку со неандерталците од Денисовата пештера, кои живееле на Алтај пред 110 илјади години. Така, стручњаците дојдоа до заклучок дека првобитните луѓе најмалку во два брана го населувале јужен Сибир. Неандерталците од Чагирската пештера се поврзани со вториот бран, кој дошол од Европа пред околу 60 илјади години. Научниците претпоставуваат дека првите луѓе се селеле следејќи ги бизоните што ги ловеле.
Во текот на вториот бран во Чагирската пештера од источна Европа дошла микокеенската култура. Во Чагирската пештера неандерталците користеле орудија и начини за обработка на камен скоро идентични со европските.
Од каде дошле луѓето кои живееле во Денисовата пештера не е до крај разјаснето, но сосема е јасно дека чагирските ненадерталци не се нивни потомци, се наведува во статијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче