Треба да се напомене дека овие тактички системи, со кодно име на НАТО SS-21 „Скарабеј“, ја имаа својата прва борбена премиера во Сирија на крајот на 2012 година. Се проценува дека за време на војната во Сирија биле истрелани неколку десетици ракети од овој тип, пренесува веб-порталот Marsonline.
Таа пред сè се употребува за прецизни удари по исклучително важни цели на непријателот, како што се објекти со командна структура, по поголема концентрација непријателска жива сила, по поважни јазли во системот на непријателската одбрана, магацини со оружје, муниција и останата воена опрема итн. Ефектот од дејствувањето на овие ракети беше исклучително позитивен, и тоа како во физичка, така и во психолошка смисла. Секогаш кога ова оружје беше применувано, како резултат на неговите дејствија беше регистрирана намалена терористичка активност на даденото подрачје.
Системот „Точка“ може да уништи голем број копнени сили на оддалеченост и до 70 километри. Тежината на ракетата достигнува 2000 килограми, од кои на боевата глава отпаѓаат околу 480 килограми.
Моментално во Сирија се применува модернизирана варијанта на овој систем која ја носи ознаката „Точка-У“. Таа се одликува со зголемен степен на прецизност како и дострел на ракетите кој изнесува 120 километри. Сириските воени инженери овој систем дополнително го зајакнаа со додавање оклоп на лансирната единица, како и на логистичката машина за следење која ги носи ракетите и врши нејзино полнење. Вкупната тежина на лансирната единица која се наоѓа на возилото на тркала кое има амфибиски карактеристики достигнува 18 тони. Се движи со помош на дизел-мотор со сила од 300 коњски сили. По пат ова возило со ракета може да развие брзина и до 60 километри на час, додека за време на форсирање водна препрека може да оди 8 километри на час. Со полн резервоар може да мине оддалеченост од 650 километри. Екипажот е составен од тројца војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче