„Федералниот проект „Информациона безбедност“ во рамките на Националната програма „Дигитална економија“ вклучува создавање ресурси со кои се обезбедува поцврста повратна информација. Така, годинава се планира создавање специјализиран ресурс наменет за интеракција на граѓаните и организациите со овластените органи со цел оперативно испраќање податоци за противзаконски активности во сферата на информационите технологии, компјутерските измами, наметнатите услуги на оператори, измами на мрежата познати како фишинг“, рече тој на Дваесет и вториот по ред Национален форум за информациона безбедност „Инфофорум 2020“.
Како што наведе Мурашков, во план е и создавање целосно функционален јавно достапен антивирусен мултискенер за проверка на датотеки за присуство на штетни активности. На почетокот на 2021 година ќе започне пробната експлоатација на интернет, што на руските граѓани ќе им овозможи поголемо ниво на заштита на информациите, со потпирање на најдобрите практики на руските компании во борбата против штетниот софтвер, истовремено исклучувајќи ја потребата од обраќање до странски антивирусни ресурси.
Како што се истакнува, минатата година во Русија немаше поголеми инциденти кои би можеле да се одразат негативно врз системот на државната администрација или економијата, иако имаше повеќе такви обиди.
Спречени се големи зарази со компјутерски вируси кои се забележани во други земји. „Минатата година на нашите странски партнери субјекти на критична инфраструктура им испратија 182 соопштенија кои придонесоа за спречување на зараза на објекти на критична инфраструктура, како и на информационите ресурси на нашите партнери“, рече Мурашов.
Според некои показатели, нивото на штетна активност се намалува, иако општо земено останува на високо ниво поради појавата на нови форми на реализација, додаде Мурашов, истакнувајќи го растот на потенцијалите на центарот за реагирање на инциденти, работењето со руските телекомуникациски оператори и компаниите од областа на безбедноста на информациите, како и со странските партнери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче