Системите „Панцир–С” собориле околу 100 беспилотни летала за време на борбените дејствија

Слободан Ѓукиќ
Од корпорацијата „Ростех“ посочуваат дека во оваа бројка се пресметани и Сирија и други региони.

Рускиот противвоздушен ракетно-топовски систем „Панцир-С” за целото времетраење на примената во борбените дејствија соборил околу сто беспилотни летала во различни региони. Ова во интервју за ТАСС го изјави Валери Слугин, главен конструктор на системи за ПВО во Конструкторското биро за производство на уреди „Шипунов“ (дел од компанијата „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы) во државната корпорација „Ростех“).

„Околу сто, а можеби и повеќе. И тоа вклучувајќи ја Сирија и другите региони“, рече Слугин.

Тој потсети дека во Сирија дејствуваат две формации „Панцири” - руска во воздухопловната база во Хмејим и формацијата што ја користи сириската војска.

Конструкторот прецизираше дека одредени тешкотии во Сирија претставувала борбата против терористички дронови од рачна изработка. Терористите во повеќе наврати ги користеле за напади врз руска воздухопловна база во Хмејмим. „На почетокот закачуваа на дроновите до 10 бомби, што ги направи добро видливи на радарите. Потоа оставија само две бомби и доста ја намалија брзината. За успешно неутрализирање на ваквите цели, беше неопходно да се вложи одреден напор“, истакна конструкторот. Според податоците на Министерството за одбрана на РФ,  последниот обид за напад на Хмејмим со помош на дронови терористите го направиле на 19 јануари. Воздушните цели биле уништени на безбедно растојание од руската воздухопловна база.

Системот „Панцир-С“ е наменет за покривање на цивилни и воени објекти во близина и за нивна заштита од воздушен напад во сите временски, климатски и радиоелектронски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ). Системот „Панцир“ има 12 противвоздушни наведувани ракети (по шест ракети во два транспортно-лансирни контејнери). Има и два брзострелни топа калибар 30 мм.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња