Вооружените сили на Израел успеаја да уништат еден систем „Панцир-С“ на владините единици во Сирија затоа што возилото не се поместило од позицијата откако го испукало боевиот комплет. Ова во интервју за агенцијата ТАСС го соопшти Валери Слугин, главен конструктор на системи за ПВО во Конструкторското биро за производство на уреди „Шипунов“ (дел од компанијата „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы) во државната корпорација „Ростех“).
Еден „Панцир” на сириските сили за ПВО беше уништен на 10.05.2018 година од страна на израелски војници со наведувана ракета, веројатно од противтенковски ракетен систем Spike. Подоцна беше објавена видеоснимка од тој настан.
Според Слугин, „Панцирот” на сириските вооружени сили успеал да неутрализира осум цели, по што го потрошил целиот боев комплет. Групата војници која го опслужувала системот за ПВО го напуштила системот и отстрана го чекала возилото за транспорт и снабдување.
„Тоа бил погрешен потег, требало истиот момент да се тргне борбеното возило од огнената позиција и тогаш сè ќе било во ред“, истакна Слугин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче