Колку ќе чини тркачката Lada Vesta? (ФОТО)

lada.ru
Директорот на филијалата Lada Sport Владислав Незванкин ја откри цената на спортската верзија на возилото Lada Vesta R1, наменето за авторки.

Седанот Lada Vesta со ознаката R1 е спортска модификација на моделот наменета за професионални тркачки натпреварувања. Возилото е опремено со мотор од 1,6 литри со 16 вентили, чија моќност од основните 106 е зголемена на 175 КС.

Во однос на Vesta Sport постојат разлики - спортски менувач, поцврсти опруги, безбедносен кафез, гасни амортизери. Во внатрешноста се наоѓа спортски волан, хомологизирано седиште на возачот со специјални носачи и сигурносен појас. Тркачката верзија е опремена и со автоматски систем за гаснење пожар.

Цената на таков автомобил, како што е наведено на веб-страницата Лада.Онлайн која се повикува на директорот на Lada Sport изнесува околу два милиони рубли (околу 29 илјади евра). Инаку, најскапата Lada Vesta Sport чини од милиони рубли (околу 15100 евра).

Тркачката верзија може да ја купи секој што го сака тоа. Не само професионалните возачи, туку и обичните луѓе, како што потврди Незванкин, можат да го нарачаат автомобилот во претпродажба. Lada Vesta R1 може да се вози и на тркачка патека и на јавни патишта.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња