Борбените можности на системите за противракетна одбрана (ПРО) кои ја бранат Москва ќе бидат проширени. Во моментов е во тек модернизација на сите системи за противракетна одбрана, која се реализира без нивно повлекување од режимот на постојано борбено дежурство. Ова за новинската агенција ТАСС го пренесе информативната служба на руското Министерство за одбрана.
„Реализираме успешни работи на перспективните типови противракетни пресретнувачи, го трансформираме комплетниот систем на модерна елементна база, пуштаме во експлоатација висококвалитетни специјализирани електронско-компјутерски средства. Ова ќе обезбеди во близок временски период да ги прошириме нашите борбени можности и да ги унапредување вкупните карактеристики на новиот систем за противракетна одбрана (ПРО)“, се наведува во соопштението.
Системот овозможува одбивање на ограничен нуклеарен удар кој се изведува со помош на интерконтинентални балистички ракети и ракети со среден дострел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче