Еден пар оклопни хеликоптери Ми-24 за прв пат учествуваше во вежба на американската војска

Алами
Во вежбата учествуваа два ударни хеликоптера Ми-24 кои „се судрија“ со американските екипажи кои летаа со повеќенаменски хеликоптери HH-60G Pave Hawk.

Пар советски ударни хеликоптери Ми-24 учествуваа за прв пат во летачките активности што ги реализираше Военото воздухопловство на САД. Поточно, леталата учествуваа во вежба изведена со американски екипажи во воздухопловната база Дејвис-Монтан што се наоѓа во Аризона/САД.

Како што е вообичаено, советските ударни хеликоптери играа улога на противник на американските повеќенаменски хеликоптери HH-60G Pave Hawk, пренесува рускиот медиум РГ.

„Ова е првпат да изведуваме тренажни активности со екипажи на хеликоптерите HH-60G Pave Hawk. Исто така, овој тип на хеликоптер првпат се сретна со хеликоптер кој се наоѓа во оперативното вооружување на потенцијалните непријатели. На овој начин, ние бевме во можност да ги вежбаме нашите тактички елементи во средба со необичен тип на хеликоптер“, изјави за американскиот веб-портал The Aviationist командантот на 55-та хеликоптерска ескадрила Курт Јулин.

Овој пар ударни хеликоптери Ми-24 на времето САД го купија од Бугарија. Овие хеликоптери се во сопственост на приватна компанија од сојузната држава Алабама, која се занимава со собирање ретка воздухопловна техника и нејзино претставување на разни воздухопловни митинзи, како и потребите од тренинг на американското ВВ.

НАТО го означува ова летало со “Hind”, а неговата најзначајна борбена улога е забележана за време на војната во Авганистан. Муџахедините имаа големи проблеми во борбата против ова средство, кое се карактеризираше со силно вооружување и висок степен на борбена цврстина (оклопен корпус). Поради своите квалитети на планот на оклопната заштита, но и на десантниот капацитет, советските пилоти го нарекуваа Ми-24 „летачки БМП“ – според примерот на борбеното возило на пешадијата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња