На нишан на „Цирконите“: Колку од овие ракети се доволни за да потопат еден носач на авиони?

Слободан Ѓукиќ
Противбродската ракета 3М22 „Циркон“ ќе се движи со голема брзина по исклучително ниска траекторија, така што постои основан сомнеж во традиционалните радарски системи за ПРО кога станува збор за нејзина детекција. Крстосувачката ракета што се движи на висина од неколку десетици метри достигнува брзина од 6 маха. При таква брзина, пред ракетата се формира густ облак од врела плазма кој ги апсорбира радарските бранови и ја прави ракетата невидлива за радарските системи на бродовите.

Епохата што ќе ја одбележи руското супероружје се приближува и тоа предизвикува сериозна загриженост, бидејќи сé повеќе се поставува прашањето дали американските системи за рано предупредување воопшто можат да видат ракета како што е „Циркон“, коментира веб-порталот Military.com.

Противбродската ракета 3М22 „Циркон“ ќе се движи со голема брзина по исклучително ниска траекторија, така што постои основан сомнеж во традиционалните радарски системи за ПРО кога станува збор за нејзина детекција. Крстосувачка ракета што се движи на висина од неколку десетици метри достигнува брзина од 6 маха. При таква брзина, пред  ракетата се формира густ облак од врела плазма кој ги апсорбира радарските бранови и ја прави ракетата невидлива за радарските системи на бродовите.

Дури и ако „Циркон“ се детектира на време, на „ракеташите“ не би им останало многу време за нејзино неутрализирање. На противракетниот систем Aegis за пресретнување му е потребно време од 8-10 секунди. За тоа време „Циркон“ може да прелета 20 километри, додека американските ракети ја немаат доволната брзина за да го достигнат. Доколку радарските системи на бродот детектираат руска ракета на оддалеченост од 160 километри, комплексот за ПРО ќе има само 60 секунди успешно да ја организира одбраната и да изврши пресретнување на хиперсоничната ракета, пренесува веб-порталот РГ.

Преминот на Русија на хиперсонична технологија е наменет за борба против поморски борбени групи предводени од носачи на авиони, сметаат во Пентагон. Благодарение на своите димензии, хиперсоничните ракети „Циркон“ ќе можат да се „пакуваат“ во универзални лансери кои се наоѓаат на малите ракетни бродови од класата „Бујан“. Процените се дека за потопување на еден нуклеарен носач на авиони од класата „Нимиц“ ќе бидат потребни до 5 ракети 3М22 „Циркон“.

Руските медиуми сметаат дека првите борбени пловила кои ќе го носат ова смртоносно оружје ќе бидат ракетните фрегати од класата 22350, поточно првиот брод кој се наоѓа во оперативна употреба „Адмирал Горшков“.

Ракетна фрегата „Адмирал Горшков“

Должината на фрегатата изнесува 135 метри, нејзината широчина е 16 мери, а газот 4,5 метри. Вкупниот депласман на фрегатата изнесува 5400 тони. Погонската сила што ја генерираат турбините може да достигне 5000 коњски сили и тие му овозможуваат на бродот без дополнително полнење гориво да помине 4500 наутички милји (секако ова се однесува на економичната маршевска брзина на пловење). Максималната брзина на бродот при форсажна работа на моторот достигнува 34 јазли (околу 65 км/час).

„Адмирал Горшков“ во своето вооружување ќе има 16 суперсонични противбродски ракети „Оникс“ (може да се применат и конфигурации кои ќе бидат составени од шемата 8+8, односно 8 ракети „Оникс“ + 8 ракети КР „Калибар“). Меѓутоа, оваа платформа во блиска перспектива може да стане носител на хиперсонично ракетно вооружување кое ќе биде направено врз база на ракетата „Циркон“, што претставува нерешлив проблем за американската морнарица без оглед на видот и на специфичноста на бродот. Овие ракети според пишувањата на порталот „РГ“ ќе носат боева глава потешка од 300 киломаграми, а нејзиниот дострел ќе изнесува 350 километри. Противвоздушната одбрана на фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде составена од интеграција на поморскиот ракетен систем за ПВО „Полимент Редут“ кој во борбени вертикални лансери ќе има дури 128 ракети од различен вид и дострел. Фрегатата ќе има ефикасно оружје и за фронт кој се наоѓа под површината на водата.

Противподморничкиот ракетен комплекс „Медведка-2“ како и специјалната противподморничка верзија на ракетата „Калибр“ ќе биде главниот адут на бродот против непријателските подморници.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ е дел од Северната флота на руската Воена морнарица. Другата фрегата од истата класа која го носи името „Адмирал Касатонов“ се очекува да влезе во оперативниот состав на Северната флота следната година. Моментално во фаза на изградба се наоѓаат уште два брода од проектот 22350 – „Адмирал Головко“ и „Адмирал Исаков“ кои до 2021-2022 година треба да влезат во составот на воената морнарица на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња