„Калашников” провери дали може резервоар со бензин да експлодира од куршум (ВИДЕО)

Youtube / Калашников Media
Рускиот концерн покажа колку се реалистични таквите сцени во филмовите.

Рускиот концерн „Калашников” изведе сопствен експеримент за да провери дали може во реалниот живот резервоар со бензин да експлодира од куршуми како во холивудските филмови.

Авторите на експериментот наместо резервоар со гориво користеа метални канистери со капацитет од 10 литри, бидејќи тие се целосно идентични според особините. Едниот канистер го наполнија со бензин, а другиот со дизел гориво. Снимката од експериментот е објавена на јутјуб-каналот „Калашников“.

Заради јасност на експериментот, беше пукано во горниот дел на канистерите, каде што се наоѓаат испарувањата на горивото, и во долниот, каде што се наоѓа само горивото. Канистерите беа гаѓани на растојание од околу 50 метри со куршуми од три различни типа. Наспроти очекувањата, не дојде до експлозија или палење, а единствената штета ја претрпеа канистерите, кои беа целосно продупчени.

Но, на „Калашников“ сепак му појде од рака да ја повтори холивудската сцена со избивање на пламен. Авторите на експериментот поставија експлозивна мета на канистер. Според нив, тоа е единствениот начин куршумот да причини пожар.

Во ноември 2019 година „Калашников“ претстави електричен мотоцикл од типот „кафе-рејсер“, опремен со мотор од 68 коњски сили. Покрај тоа, концернот има и електрични автомобили: во јули 2019 година беше претставен модернизираниот компактен градски автомобил „Овум“. Со полни батерии тој поминува 150 километри, а има максимална брзина од 80 километри на час.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња