Лесна и модуларна: Во Русија претставена потполно нова ракета од класата „воздух-земја“

Слободан Ѓукиќ
Во вооружувањето на руската армија наскоро може да се појави перспективна ракета од класата „воздух-земја“ од лесна категорија. Нејзиниот дизајн неодамна беше претставен во Севастопол. Ќе се одликува со висок спепен на модуларност, така што врз нејзина база ќе може да се развијат голем број различни варијанти кои ќе се користат од различни летечки платформи.

Како што соопштува веб-порталот РГ, станува збор за универзално малогабаритно воздухопловно убојно средство. Новата ракета може да се примени при напади на складишта за гориво, непријателска жива сила, површински пловила, утврдени точки, авиони и хеликоптери во нивните бази. Претпоставката е дека се работи за оружје со краток дострел, кое се карактеризира со „снајперска“ прецизност и голема убојна моќ.

Авторот на материјалот дава пробна проценка на димензиите на самата ракета. Се претпоставува дека новата ракета ќе биде со должина од 3,0-3,1 метри, додека нејзиниот калибар ќе се движи во опсег од 230-240 мм. Вкупната маса на ракетата нема да надминува четвртина тон (околу 250 кг).

Доколку овие димензии се точни, тогаш перспективното убојно вооружување ќе биде една од најминијатурните воздухопловни ракети од класата „воздух-земја“ во арсеналот на руската армија, со исклучок на противтенковските ракети со кои се вооружени ударните хеликоптери.

Ракетата може да се спореди со широко распространетата руска наведувана ракета Х-25М од класата „воздух-земја“. Таа е долга 3,7 метри а нејзината тежина достигнува 300 кг.

Засега не е познато каков тип на боева глава ќе биде во составот на перспективната ракета, како и какво ќе биде нејзиното наведување на целта. Меѓутоа, самиот израз „модуларен“ имплицира дека оваа ракета ќе има цел спектар свои различни варијанти кога ќе влезе во производство и со самото тоа во вооружувањето.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња