Офицерите на руската армија интензивно се подготвуваат за борба против дронови-камикаѕе

Министерство за одбрана на РФ
За време на зимските активности во ридовите на Северен Кавказ беше применет широк спектар на стандардно пешадиско вооружување. Офицерите дејствуваа од најразлични возила, вклучувајќи и потешка оклопна техника. Во вежбата беа ангажирани оклопни транспортери БТР-82А, борбени возила на пешадијата БМП-3, основни борбени тенкови Т-72Б3 и самоодни хаубици со калибар 152 мм „Мста-С“ и „Акација“.

Повеќе од 500 офицери на 58-та комбинирана армија на Јужниот воен округ (ЈВО) зедоа учество во тактичките зборови при обуката на командири која се реализира на просторот на Северен Кавказ. Ова го соопшти информативната служба на Јужниот воен округ, пренесува веб-порталот ТАСС.

„Во овие активности се ангажирани повеќе од 500 офицери кои се наоѓаат на командни функции на различни единици. Употребени се нешто повеќе од 300 единици вооружување и друга воена техника. Офицерите се запознаа со обуката која е збогатена со новата форма и методика на примена на единици во услови на изведување на борбени операции на непознат терен“, се вели во соопштението.

Според информативната служба на Јужниот воен округ, за време на овие активности реализиран е и дел кој се однесува на увежбување на нови методи во борбата против нисколетечки беспилотни летала.

На полигоните каде што се изведуваше обуката беше инсталиран голем број на специјални подвижни мети  кои имитираа ненадејни напади на беспилотни летала. Курсантите имаа задача да ја детектираат својата цел навреме, да извршат нејзина идентификација/класификација и да ја уништат со оган од земја, главно од лично стрелечко оружје.

За време на тактичкиот збор беше применет широк спектар на стандардно пешадиско оружје. Офицерите дејствуваа од најразлични возила, вклучувајќи и потешка оклопна техника. Во вежбата беа ангажирани оклопни транспортери БТР-82А, борбени возила на пешадијата БМП-3, основни борбени тенкови Т-72Б3 и самоодни хаубици со калибар 152 мм „Мста-С“ и „Акација“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња