„Русија е најголемата земја на светот, но во северните области е многу студено зиме, па многу подрачја на Русија се ретко населени. Меѓутоа, студот не може да го скрши „воинствениот народ“. Во историјата се познати случаи кога Русите го победувале непријателот во услови на ледена зима. Дури ни Наполеон ни Хитлер не успеаја да ја совладаат Русија“, пишува авторот.
„Другите земји не можат да војуваат во такви услови. Но, како тоа му поаѓа од рака на воинствениот народ?“, се прашува тој.
„Руските војници зиме користат еден чудесен метод кој ги штити од студот дури и на -70 степени Целзиусови. Тој се пренесува од колено на колено веќе преку 300 години и е поефикасен од вотката“.
Се разбира, руските војници зиме носат специјална топла униформа, а можат да се загреат и со помош на неколку голтки вотка, но она најважното што ги штити од студот се, според мислењето на кинескиот „експерт“, објалата.
„Порано руските војници носеле длабоки чизми и тоа било страшно неудобно бидејќи војниците имале различна големина на нозете. За да не ги убиваат чизмите, руските војници почнале преку чорапите да завиткуваат ткаенина, што исто така им давало повеќе топлина. Објалата брзо станале популарни меѓу војниците, нивната дебелина се разликува во зависност од сезоната. Денес руските војници не се грижат дека зиме ќе им замрзнат нозете. Не треба ни да се зборува за како тоа ќе влијае на нивната борбена способност. Во современата руска армија, објалата играат важна улога и затоа сите регрути учат како правилно да ги користат“, пишува кинескиот автор.
Во Русија објалата навистина се користеле неколку стотици години сé до 2010-тите години, кога војничките чизми беа заменети со војнички чизми со врвки.
Денес руското Министерство за одбрана целосно се откажа од објалата, набавувајќи повеќе од 2 милиони пара летни чорапи и 1,2 милиони пара зимски, како што соопшти заменик-министерот за одбрана генерал Дмитриј Булгаков на почетокот на 2014 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче