Во рудник на „Ростех“ на Урал пронајден смарагд тежок половина килограм

Ростех
Во руската државна ризница вредноста на каменот се проценува на 55000 долари.

Во Свердловската област на Русија, рударите на „Мариинскиот рудник“ (дел од „Ростех“) пронајдоа на Малишевското наоѓалиште смарагд со редок квалитет тежок преку 496 грама, соопшти информациониот портал на регионот.

Според бојата овој смарагд спаѓа во прва категорија, а според составот во втора.

Во моментов рудникот размислува како да ги награди своите вработени кои во пресрет на Новата година го пронајдоа овој камен на длабочина од 260 метри. Тие ги добијат парите по продажбата на каменот.

Во најскоро време смарагдот најверојатно ќе биде префрлен во резервите на Државниот фонд за благородни метали и скапоцени камења, рече генералниот директор на „Мариинскот рудник” Евгениј Василевски. Тој истакна дека смарагдите со овој квалитет обично не се користат во производството на накит, туку се чуваат во првобитната состојба.

Вкупно за една година во рудникот беа пронајдени четири камења со висок квалитет. Покрај споменатиот смарагд, имаше минерали тешки 80, 174,9 и 264 грама.

„Мариинскот рудник” годишно преработува 94 тони руда и добива 150 килограми скапоцени камења, 15 килограми александрит и над 5 тони берил. Во 2015 година тука беше пронајден најреткиот смарагд, кој беше наречен „Губернаторски“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња