До крајот на годината Вооружените сили на РФ ќе воведат во експлоатација околу 4000 оклопни возила и тенкови, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на отворањето на советувањето одржано преку конференциска врска.
„Во сферата на материјално-техничкото опслужување, треба да се воведат во експлоатација околу 4000 единици нова оклопна, тенковска и автомобилска техника, како и 1700 единици современо ракетно-артилериско вооружување“, изјави рускиот министер за одбрана.
Според Шојгу, ќе продолжи изградбата на арсенали за комплексно складирање на муниција и ракети, како и станици за полнење гориво и комплекси за производство на опрема и логистика. Тој додаде дека во тековната година заедно со Руското географско друштво и организациите за спасување ќе бидат изведени 11експедиции насочени кон потрага по остатоци на бранителите на татковината. Како што истакна министерот, големо внимание ќе се посвети на еколошкото чистење на териториите, вклучувајќи го и подрачјето на Арктикот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче